Почнува снимањето на македонскиот игран филм „Панкот не е мртов“

На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски.

logo
лого

На повеќе локации во Скопје, Дебар и Куманово од денеска почнува снимањето на долгометражниот македонски игран филм „Панкот не е мртов“ на сценаристот и режисер Владимир Блажевски.

scenaВо филмот, кој ќе се снима 40 работни денови, Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови. Филмот е современа траги комедија или црна комедија која во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргинална живеачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот го следи тој процес на собирање и на крај е реализирањето на таа идеја повторно да се свири по 16 години.

По снимањето на филмот, подготовките околу фазата на неговата монтажа и постпродукцијата ќе завршат во март.
Филмот раскажува љубовна приказна меѓу Димитар, наречен Мирса, кој ќе го толкува Јордан Симонов и Нина во чија улога ќе настапи Камка Тоциновска. Освен овие две во другите главни улоги ќе настапат Тони Михајловски, Кирил Поп Христов, Џевдет Јашари и Владимир Тулиев, како и македонските ѕвезди Јовица Михајловски, Нино Леви и Данчо Чеврески.
Директор на фотографија е Слободан Трниниќ, а продуцент е Дарко Попов.
Проектот е поддржан од Министерството за култура  преку Филмскиот фонд на Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top