Македонија ги исполни сите услови за укинување на визите за нејзините граѓани за патување во земјите на ЕУ, додека Србија и Црна Гора иако имаат направено „значаен напредок“, мора да извршат уште некои дополнителни задачи, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава на еврокомесарот Жак Баро.
Во разговор со европратениците, Баро и шведскиот министер за Европа Сесилија Малмстрем, соопштија дека трите држави од Западен Балкан ги имаат сите изгледи од Нова година да бидат вклучени меѓу земјите со безвизен резим во шенгенскиот простор на Европската Унија.
Србија, меѓутоа, како што јави дописникот на МИА, ќе мора да обезбеди и проверка на документите за оние лица кои престојуваат на Косово, како и за оние кои се родени таму, а сега се во странство, кога ќе побараат да им се издаде српски биометриски пасош.
Според Би-Би-Си, Србија во соработка со Еулекс ќе мора да обезбеди и надзор на граничната линија со Косово, затоа што од режимот на либерализација се исклучени жителите на Косово, како и лицата родени во оваа земја, а кои сега престојуваат во странство, без разлика што ќе имаат српски биометриски пасош.
Еврокомесарот Баро тоа го објаснува со фактот што властите во Белград уште од 1999 година не можат да ги прпверуваат лицата кои престојуваат во Косово, кои по толкувањето на европскиот дипломат се „опасност за безбедноста“ на ЕУ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град