Вадењето на бродот „Илинден“ кој потона во саботата во Охридското езеро, при што се удавија 15 туристи од Бугарија, најверојатно ќе започне денеска, доколку временските услови го дозволат тоа.
Вадењето на бродот „Илинден“ кој потона во саботата во Охридското езеро, при што се удавија 15 туристи од Бугарија, најверојатно ќе започне денеска, доколку временските услови го дозволат тоа.
До одлагањето, како што јавува Макфакс, дојде на иницијатива на експерти од Хрватска кои сметаат дека треба под вода да се преснимат уште 16 точки на трупот на бродот, што беше направено во понеделникот.
Овие снимки, според експертите од Хрватска кои заедно со колеги од Македонија и Бугарија работат на местото на тонењето на бродот, се потребни за утврдување на причините, како и за завршната експертиза.
Бродот „Илинден“, кој е на длабочина од околу шест метри, на барање на истражни органи од Бугарија требаше да биде изваден од езерото во понеделникот, но силниот ветер и брановите ја загрозија операцијата.
Засега не се соопштуваат податоци за техниката за вадење на „Илинден“, но се спомнува дека тоа најверојатно ќе биде со поставување на воздушни балони во внатрешноста на бродот, кои треба да го подигнат пловилото на површината.
Се претпоставува дека со вадењето на бродот ќе раководат експерти од Хрватска кои имаат големо искуство во вакви операции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град