Министерката за внатрешни работи на 9-та Регионална министерска конференција за илегална миграција

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Брдо кај Крањ ќе присуствува на 9-та Регионална министерска конференција за илегална миграција, организиран криминал, корупција и тероризам.

Gordana Jankulovska
Гордана Јанкуловска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Брдо кај Крањ ќе присуствува на 9-та Регионална министерска конференција за илегална миграција, организиран криминал, корупција и тероризам.

Gordana JankulovskaНа конференцијата ќе се изврши преглед на ситуацијата во областа на визната либерализација, а ќе стане збор и за понатамошен развој на полициската соработка во Југоисточна Европа и размена на добрите пракси во борбата против тероризмот во Југоисточна Европа.

Министрите ќе потпишат и Меморандум за разбирање во врска со поддршка и воспоставување на Единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот.

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање е дел од активностите кои се превземаат во рамки на Проектот ИЛЕЦУС кој е комплетно финансиран од страна на Европската Комисија.

Главен носител на Проектот е Федералното министерство за внатрешни работи на Австрија, а како меѓународни партнери за поддршка во спроведувањето се вклучени и Европол и Интерпол. Држави кориснички се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија.

Со Проектот се предвидува создавање на Меѓународни координативни единици надлежни за спроведување на законот, со цел поддршка при размена на информации во меѓународните истраги и олеснување на комуникацијата на оперативно ниво.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top