Македонија денес слави 18 години независност

Македонија денеска слави 18 години независност. Нa 8-ми септември 1991 година граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена Република Македонија.

 |   | 
makedonec
македонци

Македонија денеска слави 18 години независност. Нa 8-ми септември 1991 година граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена Република Македонија.
На 8-ми септември 1991 година се остварија стремежите за независност на Република Македонија. Тие беа заокружени со референдумот на кој 95 насто од граѓаните се определија за самостојна и суверена Република Македонија,  потсети претседателот на македонскотот собрание Трајко Вељаноски во своето обраќање по повод 8-ми септември, Денот на независноста.

znameВо обраќањето претседателот на парламентот,  Вељаноски, истакна дека Македонија очекува Европската комисија во есенскиот извештај да препорача датум за преговори и резултатите да ги вреднува според европските стандарди и принципи. „Сакам да веруваме дека и нашиот јужен сосед, тргнувајќи од својата демократска традиција, ќе ги почитува европските стандарди и критериуми и нема да се повтори Букурешт, бидејќи нашето приближување и членството во ЕУ е во интерес како на Македонија, така и за целиот регион“, истакна Вељаноски. Осми септември 1991 година заедно со двата Илиндена, како што истакна спикерот, претставуваат три датуми во историјата на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија кои се тесно поврзани со вековните стремежи, борби и сонувања за самостојна држава.
На приемот по повод Денот на независноста во македонското Собрание присуствуваа македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и на црквите и верските заедници во земјата.
По повод одбележувањерто на 8-ми септември, Денот на независноста претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе одржи пригодно обраќање на Свечената академија и  ќе одржи прием за поранешните претседатели на Република Македонија Киро Глигоров и Бранко Црвенковски и за сопругата на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top