Нимиц: „Одговорот на Грција не е позитивен“

Одговорот на Грција не е позитивен, но напорите за изнаоѓање решение за името продолжуваат.

 |   | 

Ова, како што јавија грчките гласила, го изјави посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, синоќа во Њујорк, по средбата со грчкиот преговарач амбасадорот Адамантиос Василакис.
Според атинскиот весник Етнос преговорите меѓу Атина и Скопје повторно се во ќор-сокак по „оправданото” одбивање на Грција да го прифати модифицираниот сет идеи на Нимиц.
Василакис, според истиот извор, на Нимиц му пренел дека Грција не е задоволна од модифицираните идеи претставени неодамна во Атина и во Скопје.
Ставот на Скопје, за пакетот идеи кој предвидува договарање на името „Република Северна Македонија” само во билатералната комуникација меѓу двете земји, во четврток во Њујорк на Нимиц треба да му го пренесе македонскиот преговарач амбасадорот Зоран Јолевски.
Грција инсистира името со географска одредница да се употребува во меѓународната комуникација.
Македонија под уставното име Република Македонија досега ја признаа 125 држави, но спорот за името го попречи приемот на Македонија во НАТО, а се заканува да стане пречка и на патот кон Европската унија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top