На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, од денеска до 18 август во земјава ќе престојуваат новинари од националната телевизија на Хрватска – ХТВ.
Целта на посетата е презентирање на туристичките потенцијали на Македонија пред хрватската јавност, а во фокусот на нивното внимание ќе бидат Крушево, Охрид, Струга и Вевчани.
Во соопштението од Агенцијата изразуваат задоволство што бројот на странските туристи, според статистичките податоци во јуни годинава, е зголемен за 19,7 отсто во однос на истиот месец од 2008 година.
Во периодот јануари-јуни оваа година во однос на истиот период од претходната година има зголемување на бројот на странските туристи од 9,5 отсто, додека бројот на ноќевања од странски туристи е зголемен за 6,1 отсто во однос на истиот период од претходната година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град