Припадниците на АРМ денеска доброволно ќе даруваат крв во рамки на акцијата што ќе се спроведе во Воената болница во Скопје.
Акцијата е дел од активностите по повод одбележувањето на 18 август – Денот на АРМ.
Според најавите крв ќе даруваат и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, како и припадници на Генералштабот на АРМ.
Припадниците на АРМ од различни единици во пресрет на Денот на АРМ на дело ќе ја покажат хуманоста со доброволно давање на крв, со што ќе придонесат да се спасат многу животи во Република Македонија на кои им е потребна крв од различни причини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град