Пензиите повисоки за 2%

Пензиите што пензионерите ќе ги добијат за јули ќе бидат повисоки за околу два проценти, согласно јулското усогласување со платите исплатени во јуни, најави денеска Владата.

denari
денари

Пензиите што пензионерите ќе ги добијат за јули ќе бидат повисоки за околу два проценти, согласно јулското усогласување со платите исплатени во јуни, најави денеска Владата.

penzioneri– Во услови кога во многу земји владите донесоа одлуки за намалување на пензиите, Владата на Република Македонија и во оваа година на светска економска криза направи посебен напор за зголемување на пензиите. Јулското усогласување ќе изнесува околу 1,8-1,9 проценти (зависно од податокот од Државниот завод за статистика за јунската плата). Тоа е дополнителен пораст на зголемувањето од јануари за 3,5 проценти односно вкупно во 2009 година пензиите се зголемени за околу 5,5 проценти. Со оглед на движењето на цените, односно регистрираната дефлација, реалниот пораст на пензиите во 2009 година ќе изнесува над шест проценти, се вели во денешното соопштение од Владата.

Во него се потсетува дека во претходните две години, 2007 и 2008, најниските пензии се зголемиле за вкупно 33 проценти, а највисоките за 29 проценти, наспроти нивниот реален пад во годините пред 2007.

Со овие зголемувања, просечната пензија во Македонија во мај 2009 година достигна 9.875 денари, што е за 2.200 денари или за 28,5 проценти повисока од просечната пензија во 2006 година.

Во соопштението се додава дека Владата и натаму останува посветена на подобрувањето на животниот стандард на пензионерите преку натамошното зголемување на пензиите во 2010 и следните години, согласно економските можности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top