Либија има намера да вработи во државните и приватните клиники 10,000 медицински работници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Либија има намера да вработи во државните и приватните клиники 10,000 медицински работници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Медицинските сестри треба да имаат месечна плата од 500 евра, а лекарите без стаж месечни примања во износ од 900 евра.
Висината на платата ќе се утврдува индивидуално и во зависност од стручните квалификации.
Кандидатите за работа во либиските болнички установи ќе се избираат на конкурс со посредство на две српски агенции, ангажирани за таа цел од либиските власти.
Странските лекари имаат лошо искуство со работа во Либија.
Палестински лекар и бугарски медицински сестри беа осудени на смрт во 1998 година, под обвинение дека наводно намерно заразиле во вирусот ХИВ над 400 либиски деца. Медицинските работници минаа неколку години во затвор, а беа ослободени по големи дипломатски напори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град