Албанија ја брише графата за националност, Македонците ќе се жалат во Стразбур

Во албанскиот град Корча се оддржа тркалезна маса на која учествуваа претставници на малцинствата во Албанија, во врска со последната одлука на Уставниот суд на Албанија, со која се укинува правото на запишување на националноста и, според нив, неуспешниот попис на населението.

 |   | 
Edmond Temelko

На средбата присуствуваа претставници на Македонците, Власите, Грците, Ромите и Египќаните, кои уште еднаш пописот го оценија како неуспешен, затоа што поголемиот процент од нив го бојкотираа поради неможноста слободно да ја искажат својата етничка припадност.

Пред присутните, покрај другите, зборувал претседателот на партијата на Македонците, Македонска алијанса за еврпска интеграција, Едмонд Темелко, кој посебно го нагласил дискриминаторскиот однос на албанските власти во пописот, а сега и со скратување на можноста етничката припадност слободно да ја искажат и оние кои живеат во подрачја каде им се признава статус на малцинство.

Претставниците на малциствата се договорија правдата да ја бараат во Стразбур.

Уставниот суд на Албанија, деновиве оцени дека е неуставно во матичната евиденција да стои националност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top