Малдиви

ЛЕТУВАЊЕ НА МАЛДИВИ 2018
12 дена/ 9 ноќевања
(13.06-24.06 / 27.06-08.07 / 11.07.-22.07)
ГАРАНТИРАНИ ПОАЃАЊА (ограничен број на места)

Рајски архипелаг од околу 1190 острови, групирани во атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан, со највисока надморска височина од 1.5m, податок кој сигурно ќе Ве эачуди. Но, коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови го смируваат океанот и ги чуваат островите и нивните жители со векови. Острови со бел корален песок, кокосови палми, изобилие од тропски растенија, како и прекрасниот и необичен подводен свет. Места кои се одликуваат со својата единственост и кои никогаш повторно нема да ги најдете… тоа се токму овие рајски острови Малдивите. Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Островите се населени повеќе од 2500 години. Моментално на островите живеат околу 390.000 жители, од кој повеќето се населени во главниот град Махе.

 

МАЛДИВИ 2018

АВИОН + АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ + АСИСТЕНЦИЈА + ТРАНСФЕР + ХОТЕЛ 9 НОЌИ

ГАРАНТИРАНИ ПОАЃАЊА

ПРОМОЦИЈА: ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.04.2018

ХОТЕЛИ

ТИП НА СОБА

УСЛУГА

ТЕРМИН

9 НОЌЕВАЊА

ТРАНСФЕР

FUN ISLAND 3*

Beach Front Room

Полн Пансион

(FB)

13.06

1.329 €

глисер

27.06

11.07

HOLIDAY ISLAND 4*

Superior Beach Bungalow

Полу Пансион
(HB)

13.06

1.299 €

авион

27.06

11.07

SUN ISLAND 5*

Standard Beach Bungalow

Полу Пансион
(HB)

13.06

1.329 €

авион

27.06

11.07

PARADISE ISLAND 5*

Superior Beach Bungalow

Полу Пансион
(HB)

13.06

1.449 €

глисер

27.06

11.07

ROYAL ISLAND 5*

Beach Villa

Полу Пансион
(HB)

13.06

1.499 €

авион

27.06

11.07

ADAARAN SELECT HUDHURANFUSHI 4*

Garden Villa

Се Вклучено
(AI)

13.06

1.659 €

глисер

27.06

11.07

ADAARAN CLUB RANNALHI 4*

Standard Room

Се Вклучено
(AI)

13.06

1.679 €

глисер

27.06

11.07

* Поаѓањето од Скопје е 1 ден порано (13.06 / 27.06 / 11.07), враќањето 1 ден подоцна (24.07 / 08.07 / 22.07) *

Цена за ДЕЦА до 11.99год во Fun / Holiday / Sun / Paradise & Royal Island: 639 еур

Деца во Adaaran хотелите се на барање.

Цените се во Евра а плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€

Програма на патување:

 

1 ден: Полетување од Скопје во 12:15 часот со летот на Qatar Airways кон Доха, каде се пристигнува истиот ден во 18:15 часот локално време.

2 ден: Лет од Доха кон Мале во 02:25 часот. Пристигнување на Мале во 09:00 часот наутро. Пречек од страна на локален партнер и организиран трансфер до избраниот остров хотел. Сместување во соба. Ноќевање.

3-10 ден: Престој во некој од понудените хотели на база избраната пансионска услуга. Слободно време за одмор, релаксација и уживање на некој од овие рајски острови. Ноќевање.

11 ден: Појадок и одјавување на собата. Организиран трансфер од хотелот до аеродромот во Мале. Лет од Мале за Доха во 20:20 часот локално малдивско време. Пристигнување во Доха во 22:55 часот.

12 ден: Лет од Доха за Скопје во 06:50 часот и пристигнување на скопскиот аеродром пред пладне, во 11:15 часот.

1 термин 2 термин                                 3 термин

Поаѓање од Скопје: 13.06.2018                                27.06.2018                            11.07.2018
Престој на Малдиви:            14.06-23.06                              28.06-07.07                           12.07-21.07
Враќање во Скопје:            24.06.2018                                08.07.2018                             22.07.2018

*** Времињата на лет може да претрпат промени по одлука на авиокомпанијата.

 

Крстарење по Малдиви – Морето е тука само за вас … придружетени се и откријте што тоа всушност значи!!! Ако сакате да доживеете сафари на вода, ова е правото место за една таква авантура. Бродовите со кои се крстари обично се со клима, ресторан, бар, палуба за сончање, опрема за нуркање и инструкции, опрема за риболов, итн… Можна е посета на повеќе острови и притоа застанување покрај прекрасните сини лагуни каде што ќе можете да се бањате, да ловите риби, да нуркате, да го набљудувате подводниот свет и да уживате…

Посета на главниот град МАЛЕ – За време на вашиот престој на Малдивите,не би требало да ја пропуштите посетата на главниот град Мале. Поради своите 2км квадратни површина и 70-те илјади жители, Мале често го нарекуваат џебен главен град. Она што треба да го посетите во Мале е рибниот пазар и главните шопинг области. Од историските објекти, значајни се Модерната Џамија, Петочната Џамија, Претседателската палата, музејот и Султан паркот.

Подводни спортови – Наједноставниот начин да ѕирнете во прекрасниот подводен свет е да одитена нуркање. Единствен предуслов за тоа е да знаете да пливате. Од опрема ви треба само маска и туба за дишење. Туристичките ресорти и големиот број бродови кои крстарат ја нудат оваа опрема. Ако сте љубител на таков вид забава, не се двоумете да побарате информација во вашиот хотел кое од местата е најдобро за нуркање. Останатото е лесно. Ако пак сакате да имате поблизок поглед и директен контакт со подводниот свет, тогаш вие би требало да нуркате и одблизу за го запознаете светот на рибите и другиот воден свет со кој ќе се сретнете таму. Воопшто не е важно ако не сте нуркале досега – туристичките ресорти располагаат со квалификувана екипа, која со задоволство ќе ви помогне во нуркањето.

ХОТЕЛИ:

Royal Island Resort & Spa 5*
Локација и оддалеченост: B. Horubadhu (800 m × 220 m) Baa Atoll, 118 км од аеродром, 20 мин. со локален авионски превоз
Сместување: 148 Beach Villa: 31.61 m2, 2 Presidential Suite: 246.00 m2
Опис: Дојдете во Royal Island Resort & Spa, почувствувајте го Малдиви и остварете ги вашите соништа. Уживајте во едно живописно патување, каде што бреговите исполнети со палми ќе ве воведат во величествен подводен свет кој ќе ве остави без зборови. Уживајте во неспоредлива услуга и објекти, вклучувајќи ја и раскошната Araamu Spa и прекрасен избор на ресторани и барови. Опуштете се и рекрирајте се со голем избор на активности. Вилите и апартманите се луксузно опремени и имаат прекрасен поглед на Индискиот Океан.
Содржини: базен, главен бар и ресторан, спортски центар, продавници, амбуланта, школо за нуркање, соба за декомпресија, центар за водени спортови, интернет кафе, бизнис центар, сервис за облека, библиотека, WiFi

Paradise Island Resort & Spa 5*
Локација и оддалеченост: K. Lankanfinolhu (931m x 201m), 9,6 км од аеродром, 20 мин. со брод
Сместување: 220 Superior Beach бунгалови (25.65 m2); 40 Water Villa 77.00 m2; 16 Haven Villa: 80.00 m2; 4 Haven Suite 237.00 m2; 2 Ocean Suite: 386.00 m2;
Опис: Собите се удобно опремени и имаат голем балкон со поглед на Индискиот Океан. Спортските ентузијасти можат да уживаат во голем број активности од сквош до одбојка, нуркање или да се забавуваат со различни моторизирани спортови на вода. По долгиот ден, Araamu Spa обезбедува голем број на третмани за ревитализација на телото и умот. На располагање ви се ресторани со јапонска, италијанска и „Вестерн“ кујна. Прекрасниот тропски остров како и објектите со врвен квалитет, го прават Paradise Island Resort & Spa како идеален избор за рајски одмор.
Содржини: барови, ресторани A la Carte, интернет катче, доктор, сауна, спа центар, сервис за облека, пица експрес, сеф [на рецепција], базен за деца и возрасни, џакузи, центар за водени спортови, спортска сала, продавници, WiFI

Sun Island Resort & Spa 5*
Локација и оддалеченост: Adh. Nalaguraidhoo (1600m x 440 m), 107 км од аеродром,17 мин. со хидроавион
Сместување: 136 Standard Beach Bungalow: 20.63 m2, 218 Superior Beach Bungalow: 25.65 m2, 64 Water Bungalow: 31.62 m2, 04 Presidential Suite [над вода]: 246.00 m2
Опис: Sun Island ќе ве обземе со своите егзотични тропски цвеќиња и вегетацијата. Патот низ градините ќе ве одведе до најчистите прекрасни сафирни лагуни. Налагураидху е најубав и најживописен остров во Јужниот Ари а Sun Island Resort е најголемиот хотел/ остров на Малдиви и ги нуди сите удопства и објекти кои може да ги замислите. Широките плажи со убав бел песок кои се простираат низ целиот остров ќе ви овозможат без потешкотија да си го најдете вашиот сопствен мал залив.
Содржини: неколку бара, велосипед [изнајмување], бизнис центар, интернет катче, доктор, сауна, спа центар, пица експрес, сервис за облека, сеф [на рецепција], базени за деца и возрасни, кино,џакузи, школо за нуркање, центар за водени спортови, спортски центар, WiFi.

Holiday Island Resort & Spa 4*
Локација и оддалеченост: Adh. Dhiffushi (700 m x 100 m),South Ari Atoll, 97 км од аеродром, 17 мин. со хидроавион
Сместување: 142 Superior Beach Bungalow: 25.61m2
Опис: Во Holiday Island Resort & Spa времето застанува. Кристалната вода и  меките песочни брегови ги канат гостите на едно од последните недопрени рајски места во светот. Чистата убавина комбинирана со персонализираната услуга и модерната екстраваганција ќе ви овозможат право место да го обликувајте вашиот одмор од соништата. Истражете ги подводни богатства во една од светските врвни локации за нуркање. Без разлика дали пиете коктел на вашата тераса или се наоѓате на белиот корален песок, затскријте се во тишината на овој прекрасен остров и уживајте во вашиот идеален тропски рај.
Содржини: Главен бар, сервис за облека, главен ресторан, школо за нуркање, интернет катче, центар за водени спортови, доктор, спортски сала, спортски терени, сауна.

Fun Island Resort 3*
Локација и оддалеченост: K. Bodufinolhu [700 m x 168 m], 37 км од аеродром, 45 мин. со брод
Сместување: 67 Beach Front Room: 20.63 m2, 8 Deluxe Beach Bungalow: 59.40 m2
Опис: Откако ќе пристигнете во нашата идилична оаза, секој моментпоминат на островот ќе претставува право богатство за вас. Атмосферата на островот ќе ви овозможи да ги отстраните стерсовите и грижите доне сени од цивилизацијата. Дозволете му на нашиот персонал да го редефинирате вашето сфаќањето за гостопримството. Истражете го Малдивиското Море кое го крие прекрасниот корален морски свет. Изберете од нашата бескрајна низа на активности: катамаран едрење, сурфање, нуркање…
Содржини: Главен ресторан и бар, спортски центар, школо за нуркање, центар за водени спортови, WiFi [воглавниот бар], продавница за сувенири,сервис за облека, спа центар за масажа

Страницата е посетена:

213

Печати

Share this product