Вулканската пепел стигна до Хрватска ; Македонија ќе куртули

Дел од облаците со вулканска прашина од северна, северозападна и средна Европа стигнаа до северниот дел на Хрватска а синоптичарите очекуваат наскоро да се прошират и во јужниот дел од државата. Авиосообраќајот во Загреб е прекинат.

 |  Маја Савиќ  | 
vulkanska pepel
вулканска пепел

cekanje na aerodromДел од облаците со вулканска прашина од северна, северозападна и средна Европа стигнаа до северниот дел на Хрватска а синоптичарите очекуваат наскоро да се прошират и во јужниот дел од државата. Авиосообраќајот во Загреб е прекинат.

Во зависност од понатамошниот тек на ситуацијата, надлежните во Хрватска треба да донесат одлука дали ќе се затвори и воздушниот простор над Задар и Пула.

Од хрватскиот хидрометеоролошки завод посочуваат дека вулканските честици прав се невидливи за око и се наоѓаат над средишниот дел на Хрватска, западна Славонија и Истра.

Во текот на денот се очекува облаците да продолжат кон источниот и јужниот дел на Европа, при што во вечерните часови најверојатно ќе го покријат поголемиот дел од Хрватска. Облакот со пепел се наоѓа на висина меѓу 6.000 до 9.000 метри.

otkazani letoviСрпските медиуми јавуваат дека заради превенција затворен е и дел од воздушниот простор над Србија.

Според информациите од Управата за хидрометеоролоки работи на Република Македонија, подрачјето на нашата земја денес ќе се наоѓа под влијание на југозападно воздушно струење на висина, коешто нема да предизвика транспорт на вулканска пепел и прашина од северните делови на Европа.

Облаците од вулканска пепел, веќе трет ден го парализираа авиосообраќајот над северна Европа. Авиопревозниците предупредуваат дека заради безбедност, одложување на летови може да има и откако прашината од вулканската ерупција на Исланд ќе се расчисти, заради што стотици илјади патници ширум Европа со денови може да останат заглавени на аеродромите.

Досега вулканскиот прав ги затвори аеродромите во 22 држави во северна и северозападна Европа. Меѓу последните држави кои воведоа забрани за летање, освен Хрватска, се и Италија, Унгарија, Швајцарија и Романија.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top