Уапсен поранешен министер за одбрана

На обвинет за соработка со мафијата му помогнал да избега

 |  инфодеск  | 

Уапсен под сомнение дека на еден стопанственик и пратеник кој е обвинет за соработка со мафијата, му помогнал да избега од земјата. Екс италијанскиот министер за одбрана Клаудио Скајола е уапсен во Рим и е обвинет дека му помогнал на екс пратеникот Амадео Матачени да избега во Дубаи, за да ја избегне петгодишната казна затвор на кој е осуден поради здружување со мафијата, пренесуваат итaлијанските медиуми.

Поранешниот министер во владата на Берлускони, за тој бегалец и неговата фамилија барал азил во Либан, користејќи државни контакти, наведува обвинителството.

Матачена е прогласен за бегалец минатото лето, откако највисокиот суд во Италија му ја потврдил затворската казна.

Тој бил пратеник од партијата на Берлускони, управувал со бродска компанија во теснецот Месина и бил поврзан со калабријскиот мафијашки клан Ндрангета.

Властите денес го конфискувале имотот од Матачена во износ од 50 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.

Скајола во 2010 година поднел оставка на местото министер за индустрија поради обвиненијата дека купил луксузен стан во Рим по цена значително помала од пазарната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top