Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Смедерево

Страшна сообраќајна несреќа рано утринава во српскиот град Смедерево – загинаа три лица. Од засега неутврдени причини, автобус преминал на спротивната лента и се судрил со патнички автомобил во кој се превезувале три лица. Сите тројца патници загинале на самото место на несреќата.

 |   | 

Рано утрово во Смедерево се случи ужасна сообраќајна несреќа, во која загинаа три лица.

Имено, дошло до судир на автобус со белградски регистарски ознаки и патнички автомобил. Возачот, совозачот и патникот од автомобилот ги загубија животите.

Неколку патници во автобусот се повредени, а медицински екипи им пружаат помош.

Според првичните информации кои ги пренесува Пинк, судирот се случил кога автобусот преминал на спротивната лента и се судрил со автомобилот.

Како што може да се види на фотографијата од местото на настанот, автомобилот е целосно смачкан, додека големи штети се предизвикани и во автобусот.

Телата на жртвите биле покрај автомобилот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top