Тинејџерите не можат без модерна технологија

Истражување колку денешните тинејџери можат без модерната технологија

 |  инфодеск  | 

Истражувањето на британскиот Ofcom покажува дека денешните деца со таблет и смарт телефон се служат и пред да почнат да зборуваат.

Дури 84% од испитаниците на возраст од 12 до 15 години изјавиле дека без модерната технологија би биле изгубени. Најголемата промена сепак се однесува на податокот за телефонирање и комуницирање по пат на телефон.

Додека пред дваесет години младите имале монопол над домашните телефони за разговори со пријателите, девојките и момчињата, само 3% од денешните тинејџери телефонот го користат за разговори. Мнозинството од нив комуницира по пат на СМС и социјални мрежи праќајќи фотографии и видеоматеријали.

Ова помалку загрижува, а авторите на истражувањето заклучиле дека најмладите генерации “го губат гласот”.

“Децата го менуваат начинот на комуникација. Растат во дигитално време и се развиваат потполно поинаку од развивањето на возрасните, па дури и оние кои се денес помеѓу 16 и 24 години, а кои се сметаат за пионери на модерните генерации”, рекла Jane Rumble, една од водителите на истражувањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top