Терористички напад во Ница, Франција

Со камион во толпа луѓе, 84 загинати

 |  инфодеск  | 

Напаѓач во доцните вечерни часови (14.07) возејќи со товарен камион влетал во толпата луѓе кои од шеталиштето покрај брегот во Ница го гледале штотуку завршениот огномет по повод Националниот празник на Франција, Денот на падот на Бастилја. Камионот неколку стотици метри се движел преку тротоарот, а како што тврдат локални политичари, а притоа возачот и пукал врз насобраните луѓе, пред и самиот да биде убиен од полицијата.

Инцидентот се случи на славната Променад де Англе за време на огноменот.

Локалните власти ги повикаа луѓето да не излегуваат надвор, а инцидентот го нарекоа напад, а антитероистички истражители ја презедоа истрагата. Според некои извештаи, камионот бил натоварен со оружје и гранати. Ако се потврди дека во камионот имало оружје и муниција, ќе значи дека станува збор за подетална и попрофесионална акција.

Напаѓачот, според извори блиски на полицијата, е 31-годишен француски Тунижанец, роден во Тунис. Тој веќе и‘ бил познат на полицијата поради различни деликти, но не бил во визирот на тајната служба.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека без сомнение нападот е од терористичка природа. Тој најави продолжување на вонредната состојба во земјата, планирано да биде укината на 26. јули. Таа беше воведена по терористичките напади во Париз на 13 ноември кога напаѓачите убија 130 луѓе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top