На светските берзи доларот продолжува да јакне

Расте и цената на акциите на азиските берзи по стабилизирањето на кинескиот пазар

 |  инфодеск  | 

Растот на цената на акциите на азиските берзи се должи најмногу поради стабилизирањето на кинескиот пазар кој зајакнува втор ден по ред. Поради тоа спласнаа стравувањата дека ќе се повтори неодамнешниот крах на берзата во Кина, кога само во три недели цените на кинеските акции се стрмоглавија за повеќе од 30%.

Позитивно на пазарите влијаеа и вчерашните цени на акциите на Wall Street, благодарение на бизнис резултатите на технолошките џинови како што се Google, Netflix и eBay.

Доброто расположение на пазарите е резултат и на намалувањето на напнатоста околу Грција, откако се согласи да спроведе реформи за да добие нова меѓународна помош и да остане во еврозоната. На Грција ќе и биде одобрен нов кредит со кој ќе може да ги исплати заостанатите долгови кон ММФ и Европската централна банка.

На валутниот пазар доларот и понатаму продолжува да расте откако во средата претседателката на централната банка, Janet Yellen, повтори дека стопанството е во пораст, што на Fed му овозможува зголемување на цената на парите до крајот на годината.

Благодарение на тоа доларот повторно е во пораст, а курсот на еврото повторно падна на 1,0890 долари и се ближи на најниското ниво во последните седум недели.

Според аналитичарите, доларот и во наредниот период би можел да јакне во однос на еврото поради тоа што не се отстранети сите ризици во врска со Грција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top