• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Свет
  • Супермаркетите би можеле да се соочат со најголемите промени во последните 100 години

Супермаркетите би можеле да се соочат со најголемите промени во последните 100 години

“Моделот кој го имаат Lidl и Aldi ќе бидат оној кој ќе се покаже успешен во иднина.”

 |  инфодеск  | 

Трговијата на прехрамбени производи, таканаречени трговски ланци, би можела да се соочи со најголемата промена во работењето во последните 100 години. Сé започна во дамнешната 1916 година, во Jafferson street во Мемфис, американската држава Тенеси, кога е отворен Piggy Wiggly, првата трговија со самопослужување. Во тоа време вакво работење било новитет, со оглед на тоа дека порано дуќаните биле конципирани на начин што купувачот својата нарачка ја кажувал на продавачот кој потоа намирницата ја земал од полицата. Новиот модел на тргување стана модел за овој тип на индустрија и во период од 5 години, малиот дуќан во Мемфис се проширил во 200 градови во 40 држави со промет од 60 милиони долари. Денес, спрема податоците од 2014 година, самопослужната прехрамбена индустрија генерира повеќе од 638 милијарди долари.

“Традиционалната трговија, спрема моето мислење, е праисториска”, коментирал Fortune Phil Lempert, индустриски аналитичар кој динамиката на супермаркетите ја проучува повеќе од 25 години и додал: “Со тој концепт е завршено”.

Lempert наведува дека во прехрамбената индустрија, најновиот тренд се помалите дуќани со поголем избор на разновидна храна, и предвидува дека моделот кој го имаат Lidl и Aldi ќе бидат оној кој ќе се покаже успешен во иднина.

Потполната доминација на супермаркетите ги загрозува и движењето “купуваме домашно” кој станува се популарен во светот. Додатно, во страв од модифицирана храна, купувачите се понаклонети кон автохтони производи какви што можат да се најдат во помалите дуќани.

Но, конечно, токму технологијата ќе биде клучна за развојот на малите дуќани во годините кои доаѓаат. Со оглед дека интернетот е се поприсутен, денес е можно да се имаат паметни ладилници кои автоматски ќе ги нарачуваат намирниците, како што се млекото и јајцата.

“Сметам дека трговијата каква што ја знаеме денес ќе изумре за десетина години”, коментира Lempert и додава: “Доставата на домашна адреса ги поместува границите. Со технолошките иновации како што е автономниот автомобил лесно е да се замисли дека токму тие ќе ја прават вашата достава на храна”.

Времето ќе покаже дали Lempert е во право а истовремено треба да се спомене дека тековните работи го демантираат. Бројките покажуваат дека помеѓу 2000 и 2013 година, површината која ја завземаат американските супермаркети е додатно зголемена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top