Супер Марио би можел наскоро да пристигне на вашите мобилни

Ширењето на Нинтендо на мобилниот пазар се шпекулира одамна

 |  инфодеск  | 

Ширењето на Нинтендо на мобилниот пазар се шпекулира со години, но сега најверојатно тоа може и да се случи. USPTO (United States Patent and Trademark Office) неодамна извести дека  Нинтендо поднел патент за “Hand-held Video Game Platform Emulation” во САД. Патентот ги специфицира плановите на компанијата за да би се овозможило на корисниците да ги играат старите Gameboy игри на своите мобилни уреди.

Најпознатите класици на Нинтендо како што се Марио, Зелда и Покемони веќе се појавија на AppStore, но не и официјално. Најголемиот предизвик се јавува во проектирањето на квалитетен софтвер емулатор кој треба да произведе одлична слика и квалитетен звук. Ако Нинтендо успее квалитетно да ги префрли своите игри на телефоните, и за истите понуди разумни цени, секој фан на Нинтендо ќе посака да ги игра овие класици повторно на своите мобилни телефони. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top