Султанот од Бахреин му дели пари на населението за да не протестира

Бахреинскиот крал одлучи на секое семејство во земјата да му подари по 1.000 динари (2.650 долари), во нов обид да ја придобие јавноста пред протестите кои се планираат за следната недела.

 |  Маја Савиќ  | 
kral na Bahrein
долари

kral na BahreinБахреинскиот крал одлучи на секое семејство во земјата да му подари по 1.000 динари (2.650 долари), во нов обид да ја придобие јавноста пред протестите кои се планираат за следната недела.

Повеќе аналитичари сметаат дека во овој момент во Бахреин не постои ризик од народно востание и уривање на режимот, по примерот на Тунис и Египет, но се согласуваат дека оваа арапска земја е најчувствителна на немири во регионот на Персискиот залив.

Во Бахреин до сега немало улични протести, но Владата во последните неколку седмици сама направи неколку отстапки, како што се поголеми вложувања во социјалните додатоци и ослободување на малолетниците кои биле приведени за време на минатогодишните акции против шиитски групи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top