Судир на полицијата и гласачите во Барселона

38 лица се повредени во судирите со полицијата

 |  инфодеск  | 

Шпанската полиција се судри со гласачите во Каталонија и ги заплени гласачките кутии на избирачките места во обид да го запре референдумот за независност што властите во Мадрид го нарекоа “нелегален” и ветија дека ќе го блокираат.

Претставници од службата за итни работи во регионот рекоа дека 38 лица се повредени во судирите со полицијата која го попречила нивниот пат кон некои избирачки места.

Весникот “Ел Периодико” објави дека полицијата употребила гумени куршуми во една централна локација во Барселона, бидејќи дошло до насилство. Ниту еден од повредите не е во сериозна сотојба, изјавија официјалните претставници.

Портпаролот на каталонската влада рече дека околу три четвртини од околу 2.300 гласачки места биле отворени, иако шпански владин претставник изјави дека повеќе од половина биле затворени. Во обид да се олесни гласањето, властите во Каталонија изјавија дека гласачите може да ги испечатат гласачките ливчиња дома и да ги вметнат на секое избирачко место кое не е затворено од полицијата.

Портпаролот на каталонскиот влада, Жорди Турул, ги повика луѓето да продолжат да гласаат “иако може да се видат слики што се чинеше дека се можно само во ерата на црно-белата телевизија”. “Одбраната на демократијата секогаш ќе биде вредна “, изјави Турул.

“Не натераа да направени да направиме нешто што не сакаме”, изјави Енрик Мило, претставник на шпанската влада во Каталонија. “Тоа е срамно, фарса. Тоа е прв пат во историјата дека правилата на играта се менуваат 45 минути пред почетокот на гласањето”, изјави Мило.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top