Слики вредни милиони

Гоген и Бонар виселе во кујна кај работник

 |  инфодеск  | 

Две слики, вредни неколку милиони евра, кои се украдени 1970 година во Лондон, се пронајдени по долгогодишна истрага, на Сицилија во куќа на еден пензионер кои ги држел закачени во кујна, соопштила италијанската полиција.

Станува збор за слики од историско и уметничко значење, изјавил генералот Мариано Моса челник на полициското одделение задолжено за културно наследство.

Тој на денешната прес конференција ја реконструирал истрагата која довела до откривање на платната на Пол Гоген (1848-1903) и Пјер Бонар (1867-1947).

Станува збор за делата „Овошје на маса или мртва природа со мал пес“, дело на Гоген за кое се смета дека вреди помеѓу 10 и 30 милиони евра, и „Жена со две фотељи“, дело на Бонер со вредност од околу 600.000 евра.

Сликите се украдени во 1970 година од куќата на богатата фамилија Кенеди од Лондон и потоа биле заборавени во воз кој сообраќал помеѓу Париз и Торино.

По некое време проведено во бирото за изгубени работи на станицата во Торино, сликите во 1975 година се продадени на аукција на работник од Фиат за 45.000 лири (23 евра) кој не ни сонувал дека станал сопственик на дела од врвни уметници.

Ги обесил во кујната, најпрвин во станот во Торино, а потоа во куќата на Сицилија каде се преселил откако отишол во пензија.

Карабинерите успеале да ја решат мистеријата на основ на фотографии до кои дошле и со пребарување низ каталозите на музеите, аукциските куќи и интернет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top