Merkel

Скандал во партијата на Меркел: Политичар завел малолетничка на ФБ

MerkelГерманскиот политичар Кристијан ван Бетихер ја запознал 16 годишната девојка преку Фејсбук. Биле во врска неколку месеци во 2010 година. Вели дека ја сакал. Во текот на викендов поднесе оставка.

von BetikerГерманскиот политичар Кристијан ван Бетихер ја запознал 16 годишната девојка преку Фејсбук. Биле во врска неколку месеци во 2010 година. Вели дека ја сакал. Во текот на викендов поднесе оставка.
Фон Бетихер се очекувало да биде водечки кандидат на партијата на следните избори во покраината Шлезвиг Холштајн. Кога Бетихер дознал дека би можел да добие повисока функција ја прекинал врската, но откако весникот Билд објавил дека 40 годишниот политичар бил во врска со малолетна девојка, тој поднел оставка на функцијата претседател на ЦДУ за покраината.

Оставката Бетихер ја поднел вчера, и се откажал од кандидатурата на изборите за покраински парламент.

Тврди дека девојката ја сакал и околината ги прифатила како двојка додека биле во врска. На прес конференцијата на која ја соопштил својата оставка политичарот рекол дека не направил никаква политичка грешка, им се извинил на луѓето што ги разочарал и заплакал.

{loadposition content9}

2010, бетихер, биле, викендов, врска, ги, година, девојка, дека, ја, кристијан, месеци, оставка, партијата, поднел, поднесе, покраината, политичар, сакал, текот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top