Што доби Дора Бакојани за роденден?

Водечата грчка опозициска партија Нова демократија ја казни Дора Бакојани со исклучување од своите редови, заради нејзината поддршка за мерките на социјалистичката влада.

 |   | 
Bakojani
Бакојани

dora bakojaniВодечата грчка опозициска партија Нова демократија ја казни Дора Бакојани со исклучување од своите редови, заради нејзината поддршка за мерките на социјалистичката влада

Со личната одлука да гласа во парламентот за мерките за штедење, предложени од социјалистичката влада, Дора Бакојани го загуби своето место во Нова демократија, партијата во која членува веќе три децении и која некогаш беше раководена од нејзиниот татко Константинос Мицотакис, поранешниот премиер на Грција.

Жестината на одговорот на нејзината довчерашна партија се огледа и во фактот дека „експресното“ исклучување на Бакојани се совпадна со нејзиниот 56-ти роденден.

Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас оваа драконска мерка ја објасни со тврдењето дека активностите на Бакојани се појава на „неприфатлива непослушност“, затоа што партијата смета дека најновите потези на владата и целата нејзина политика се погубни за Грција.

Бакојани својата позиција ја објасни со убедувањето дека одлуката на партијата да се гласа против мерките на владата била „популистичка“, и додаде дека тешката ситуација во земјата налага да се надраснат тесните партиски интереси и сите граѓани да се ангажираат за надминување на тешката економска криза.

Какви последици ќе има ова неочекувано исклучување за односите во Нова демократија ќе се види веќе во следните денови, но веќе се слушаат оценките дека потресот нема да задоцни. Прашањето е само колку силен тој потрес ќе биде.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top