Штафетата на „носталгијата“ пристигнува во Белград

Хрватско-словенечката „Штафета на братството и единството“ треба денеска да пристигне во Белград по повод некогашниот празник 25 мај Ден на младоста, кога се славеше и роденденот на Јосип Броз Тито.

 |  Маја Савиќ  | 
pioneri
пионери

Shtafeta na mladostaХрватско-словенечката „Штафета на братството и единството“ треба денеска да пристигне во Белград по повод некогашниот празник 25 мај Ден на младоста, кога се славеше и роденденот на Јосип Броз Тито.

Штафетата, која што тргна од Умаг на 17 мај, почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз ќе ја пречекаат пред Музејот 25 мај.

Воедно денеска во Белград ќе биде промовирана и книгата „Со тито во светот“, напишана од Предраг Лалевиќ, кој 16 години бил член на лекарскиот тим на Јосип Броз.

Во времето на СФРЈ на 25 мај се организираше слет во Белград, на кој што на Тито му се предаваше штафетата на младоста.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top