Од секс абер да се немало

Јапонците се нација во изумирање затоа што на младите генерации сексот им е одбивен.

 |  Маја Савиќ  | 
knigi
книга

knigaОд денешните 127 милиони за 50 години Јапонците може да бидат нација со 95 милиони жители од едноставна причина што на една третина од момчињата на возраст од 16 до 19 години сексот им е одбивен. Возрасните пак, заборавиле што е тоа секс.

Кај мажите на возраст од 20 до 24 години, сексот им бил одбивен на 21,5% (11,8% во 2008-та), покажа истражување на Министерството за здравство. Зголемен бил и бројот на девојки кои не се заинтересирани за секс.

“Децата треба да ја знаат важноста на контролата на раѓање и опасностите од сексуално преносливи болести, но тие исто така треба да сфатат дека сексот може да биде многу забавен и да ги направи среќни,“ изјавил д-р Кунио Китамура од Асоцијацијата за планирање на семејство.

Брачните двојки во државата пак, се помалку го практикуваат сексот, при што 40,8% од сопружниците немаат интимни односи и по повеќе од еден месец.

Низата мерки што ги преземаат надлежните за поттикнување на луѓето да имаат повеќе деца, нема да вродат никаков плод ако Јапонците продолжат да ги игнорираат сексуалните односи, посочуваат властите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top