scientist

САД повикаа научни списанија да не објавуваат детали за најсмртоносниот вирус на грип создаден во лабораторија

scientistСАД за прв пат во својата историја повикаа весници да цензурираат научна информација …
naucniciСАД за прв пат во својата историја повикаа весници да цензурираат научна информација заради стравување дека од неа може да имаат корист терористи, пишуваат весниците „Њујорк тајмс“ и „Гардијан“.

Владин консултативен орган од научните списанија „Нејчр“ и „Сајанс“ побара да не објавуваат детали, односно биомедицински експерименти за вирус на грип, за наодите да не бидат искористени од терористи со предизвикување епидемии од смртоносни вируси.

Барањето е упатено од Националниот научен консултативен орган за биосигурност на САД, што ги повикал двете научни списанија да ги цензурираат своите статии. Во нив ќе треба да фигурираат само наодите на научниците, но не и детали за експериментите, што довеле до овие заклучоци.

Двете списанија сериозно ги зеле во разгледување барањата на регулаторниот орган и веројатно ќе го послушаат, забележува весникот „Њујорк тајмс“.

Според „Гардијан“, научните изданија, меѓутоа, не планираат да го послушаат повикот за автоцензура.

Спорните експерименти, извршени во САД и Холандија, на научниците им помогнале да создадат форма на смртоносниот птичји грип, која многу брзо и лесно се пренесува.

Според научниците, доколку вирусот мутира и почне да се пренесува од човек на човек, тоа може да предизвика една од најсмртоносните пандемии на планетата.
{loadposition content9}

гардијан, ги, грип, двете, експерименти, консултативен, наодите, научни, научните, научниците, њујорк, објавуваат, орган, повикаа, пренесува, САД, списанија, Тајмс, терористи, цензурираат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top