Русија се заканува со освета

“Не се сомневајте дека ќе останеме без одговор”

 |  инфодеск  | 

Русија, пред состанокот на шефовоите на дипломатиите на Русија и САД, запретила со освета кон САД поради носењето на законот кој допушта наметнување на нови санкции кон Москва поради мешањето во конфликтот во Украина.

Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров треба да се состанат денес во Рим.

Лутината на Москва ја предизвика текстот кој го изгласал Конгресот, а именуван е како “чин за поддршка на слободата на Украина” кој беше донесен едногласно во двата дома на американскиот Конгрес.

Во текстот се допуштаат нови санкции против Русија и по прв пат испорака на смртоносно оружје на Украина.

“Не се сомневајте дека новите санкции ќе останат без одговор”, предупредил помошникот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој го цитира новинската агенција Interfax.

Рјабков ги осудил “неприфатливите одлуки и антируски чувства” кои по него управувале со гласањето.

Украинските пратеници пак го оцениле “историско” гласањето.

Гласањето е само симболичен прв чекор за Украина која безнадежно со месеци настојува да ги увери сојузниците да им продадат оружје за војниците кои се недоволно опремени во однос на проруските востаници кои ги помага Русија со војска и опрема, како што тврди Киев и Западот.

Гласањето на Конгресот само по себе не значи дека Барак Обама ќе одлучи да го испорача тоа оружје на украинските сили.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top