Русија (веќе) не убива предавници

“Свињата“ што ги издаде 10-те руски шпиони во САД нема да биде ликвидирана, порача Владимир Путин, забележувајќи дека Русија ја напуштила праксата на убивање предавници на државата.

 |  Маја Савиќ  | 
Putin
Путин интервју

“Свињата“ што ги издаде 10-те руски шпиони во САД нема да биде ликвидирана, порача Владимир Путин, забележувајќи дека Русија ја напуштила праксата на убивање предавници на државата.
Putin
Рускиот премиер и поранешен службеник на КГБ, не криел дека во советско време постоеле специјални борбени единици, кои меѓу другото убивале и предавници.

“Руските служби веќе долго време не користат такви методи,“ одговорил Путин, прашан дали тој некогаш дал наредба за ликвидирање на одметници.

Но, осврнувајќи се на последниот случај со руска шпионажа во САД, премиерот на Русија не избирал зборови за да го навреди лицето што ги предало агентите.

“Тој е офицер. Личност која ги предаде своите пријатели. Само помислете на тоа. Луѓето ги жртвуваа своите животи за татковината а едно животно ги предаде. Како ќе живее со тоа, како ќе ги погледне своите деца во очи? Свиња!… Вакви луѓе немаат иднина. Ќе се задават од златото што го добиле,“ рекол Путин.

Московските весници пред еден месец пишуваа дека Кремљ најмил платен убиец да го пронајде и ликвидира двојниот агент кој ги предаде 10-те руски шпиони уапсени во САД оваа пролет.

“Знаеме кој е и каде е. Не се сомневајте, Меркадер веќе е испратен по него,” неодамна изјави анонимен висок претставник на Кремљ за влијателниот Комерсант, асоцирајќи на Рамон Меркадер, кого КГБ во 1940-та го испрати во Мексико да го убие Леон Троцки.

Се претпоставува дека предавникот е извесен полковник Шчербаков, дел од руската разузнавачка служба за надворешни работи, под чија контрола била шпионската група во САД.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top