Видео: Родителите ги изненадил со неверојатен подарок за Божик

Реакцијата во видеото зборува сѐ

 |  инфодеск  | 

Успешниот програмер Joe Riquelme кој живее во Њујорк, Божик го поминал со своите родители. Во еден момент, додека сите тројца седеле на креветот, тој им рекол дека има уште еден подарок за нив и од џебот извадил коверт кој ѝ го дал на мајка му, пишува news.com.

Кога ја прочитала содржината на листот во ковертот, изненадувањето на нејзиното лице било непроценливо.

“Куќата ви е отплатена. Среќен Божик. Joe”, пишувало на листот. Мајка му ја дала пораката на сопругот, а кога тој ја прочитал се расплакал од среќа. Следувала топла  фамилијарна прегратка и неизмерна среќа помеѓу родителите и синот.

Како ова изгледало можете да погледнете во приложеното видео подолу кое Joe го објавил на YouTube.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top