Расте загриженоста на научниците

Опасниот вирус мутира сѐ побрзо

 |  инфодеск  | 

Научниците кои работат на откривање на лек против еболата, им ја отежнува работата нејзината карактеристика, а тоа е дека вирусот рапидно мутира. Проучувањето на пациентите на кои е дијагностициран вирусот во Сиера Леоне, откриле скоро 400 генетички модификации, пишува Daily Mail.

Тоа би можело да е штетно, не само за моменталните третмани, туку и за идните вакцини на кои се работи.Тимот на истражувачи од Harvard и Универзитетот Massachusetts, анализирал повеќе од 99 вируси геноми на ебола. Откриле повеќе од 300 генетички промени поради кои епидемијата на ебола оваа година е различна од претходните епидемии. Исто така се пронајдени варијации во геномската секвенца која укажува на тоа дека од анализираните примероци, епидемијата започнала кај едно лице и од него се ширела понатаму.

Истражувачкиот тим ги објавил сите досега откриени податоци, за да може глобалната научна заедница биде подобро запозната со нив и како би се дошло полесно до решение.

“Кога податоците се достапни до заедницата, се надеваме на побрзо решение”, рекол др. Pardis Sabeti, еден од авторите на студијата. Се додава дека тимот контактирал многу епидемиолози и откако ги виделе резултатите на работата, веднаш понудиле некои нови решенија. Многу од нив активно работат на откривање на лекот.

Еболата за прв пат се појавила во 1976 година во Судан и во Конго во близина на реката Ебола. Стапката на смртност била повеќе од 90%, а стапката на смртност која моментално владее во светот е над 50%.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top