Во првата недела од 2016 најбогатите луѓе во светот изгубија 194 милијарди долари

Во првата недела од оваа година најмногу загуби основачот на Amazon, дури 5,9 милијарди долари

 |  инфодеск  | 

400 најбогати луѓе во светот во првата недела од 2016 година изгубија околу 194 милијарди долари откако вредноста на акциите на берзата паднаа поради најавата за падот на економијата на Кина и падот на цената на нафтата, пишува Bloomberg.

Во првата недела од оваа година најмногу изгуби основачот на Amazon, Jeff Bezos, дури 5,9 милијарди долари, бидејќи вредноста на акцијата на Amazon падна за повеќе од 10%.

Bill Gates, најбогатиот човек на светот изгуби 4,5 милијарди долари, додека Шпанецот и сопственик на Zara, Amancio Ortega, вториот најбогат човек на светот, 3,4 милијарди долари.

47 милијардери “осиромашија” за по една милијарда или повеќе долари или споредено со најлошата недела во 2011 година овој пат загубите се многу поголеми, спрема податоците на индексот Bloomberg Billionaires.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top