Проститутките во Германија добија „сексометри“

Проститутките во германскиот град Бон во иднина ќе мораат со себе да носат билети купени од машините кои личат на апаратите за паркирање или ќе се соочат со казни на даночните служби.

 |   | 
prostitutki
проститутки

seksometriПроститутките во германскиот град Бон во иднина ќе мораат со себе да носат билети купени од машините кои личат на апаратите за паркирање или ќе се соочат со казни на даночните служби.

„Продавачките на љубов“ во Германија мораат да плаќаат данок на приход, а сумата варира од покраина до покраина.

– Првиот „сексометар“, на кои проститутките можат да купат билети за една ноќ по цена од шест евра, ќе обезбеди правилна примена на даночниот систем, изјави портпарол на градската управа.

– Почитувањето на правилата ќе го надгледуваат инспектори, не секоја ноќ, но често, истакна портпаролот.

prostitutkiДоколку бидат фатени без важечки билет, проститутките прво ќе бидат предупредени, потоа можат да бидат парично казнети, а на крај може да им биде изречена забрана да се занимаваат со оваа работа.

Во Бон работат околу 200 проститутки. По протестите на граѓаните, градските власти им ја ограничија работата на одредени квартови.

Истовремено, властите поставија дрвени гаражи за паркирање кои муштериите со автомобилите можат да ги искористат за интимни состаноци со проститутките.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top