Продолжува спасувачката акција во Мајами

Спасувачките екипи продолжуваат во потрагата по жртви во урнатата станбена зграда во Флорида, откако беа активирани низа експлозии со цел да се урнат нестабилните остатоци од зградата.

 |   | 

Екипите веднаш започнаа со расчистување на новите остатоци за спасувачите да можат да ја започнат својата операција која беше запрена во поголемиот дел од викендот. Поголемиот дел од зградата близу Мајами, се урна во раните утрински часови на 24 јуни. Бројот на потврдени мртви изнесува 24. Други 121 се водат за исчезнати и се претпоставува дека се мртви.

Зградата во Сурфајд беше урната додека тропската бура Елза се движеше кон Флорида со ветрови со јачина од 95 километри на час. Градоначалничката на округот Мајами-Даде, Даниела Левин Кава изјави дека спасувачките активности ќе продолжат по уривањето.

Истражителите не утврдиле што довело до несреќата. Инженерски извештај од 2018 година откри структурни недостатоци кои сега се во фокусот на истрагите кои вклучуваат и повеќе тужби.

Во меѓувреме официјални лица во другите градови започнаа да ги испитуваат постарите висококатници за да се осигураат дека нема да се игнорираат значителните структурни проблеми. Како резултат, градот Мајами Бич нареди евакуација на зграда на станови на околу 8 километри од местото на уривање во Сурфајд.

Претседателот на САД, Џо Бајден, на 1 јули ги посети луѓето кои први помогнале при падот на зградата семејствата на загинатите и исчезнатите, велејќи дека ќе им помогне со „сè што им треба“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top