Потврден прв случај на исклучително смртоносен вирус во Африка

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај случај на исклучително смртоносниот вирус Марбург, сличен на ебола.

 |   | 

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај случај на исклучително смртоносниот вирус Марбург, сличен на ебола.

Како што е наведено од СЗО, станува збор за прв случај на марбуршка вирусна хеморагиска треска во западна Африка, а пациентот е лекуван во локална болница каде состојбата му се влошила по што починал.

Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот од државата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска за да се запре ширењето на вирусот, пренесува Гардијан.

Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мораме да го запреме што поскоро, соопшти регионалниот директор на СЗО за Африка, Матсидисо Моети.

Првиот случај во Гвинеја е потврден минатата недела, само два месеци откако земјата прогласи крај на епидемијата од ебола, која оваа година усмрти 12 лица.

Ова е прв пат смртносна болест да е идентификувана во западна Африка, а од 1967 година имало 12 големи епидемии на овој вирус, најголем дел во јужна и источна Африка.

Стапката на смртност од Марбург вирусот варирале од 24 до 88 проценти во минататите епидемии, во зависност од соевите на вирусот и управувањето со кризата, наведува СЗО.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top