Пореметување во испораката на гас?

Гаспром: испораките неизвесни

 |  инфодеск  | 

Рускиот џин, за производство на гас, Гаспром објавил денес дека не ја исклучува можноста за пореметување во испораката на гас кон Европа поради политичката ситуација во Украина.

„Политичката ситуација на напнатост во Украина, додатно ја загрозува и влошува и економската ситуација, која би можела да предизвика пореметувања во испораката на гас кон Европа“, пренесува Itar-Tass, повикувајќи се на извештаите од Гаспром.

Од Гаспром порачуваат дека ќе вложат максимални напори како би се намалиле ризиците за извоз, пренесол порталот Seebiz.

„Ќе продолжиме да вложуваме во извозно ориентираните проекти, како јужен тек, и ќе го зголемиме производството на течен гас и извозните капацитети. Го зголемуваме нашиот пристап кон подземните капацитети за складирање на гас во Европа“, се додава во соопштението.

Русија моментално испорачува гас во Украина спрема договореното, иако Киев не ги подмирува своите долгови, истакнува директорот на Гаспром, Андреј Круглов.

Потпаролот на Гаспром Сергеј Купријанов рекол дека руската компанија би можела да го откаже попустот на цената на гасот према Украина, поради долгот кој во меѓувреме достигнал 1,5 милијарди долари. Тој износ ги вклучувал минатогодишните долгови, но и за актуелната испорака на гас, пишуваат руските медиуми.

Русија била спремна да му одобри на Киев 33% попуст на цената на гасот, но тој договор пропаднал по протестите во Украина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top