Плански и намерно срушен боингот на Malaysia Airlines

МН17 срушен во воената зона со ракета од современ систем?

 |  инфодеск  | 

Доколку навистина се докаже дека патничкиот авион на летот МН17 за Куала Лумпур во воздушниот простор на Украина е срушен со ракета исфрлена од земја тоа сигурно не можело да се случи случајно. Тоа е направено намерно и плански.

Неколку часа откако падна авионот се појавија нагаѓања дека авионот е срушен со ракета од моќниот руски противвоздушен систем Бук. Станува збор за систем од среден домет чии ракети ги рушат целите на висина од 25 км. со оддалеченост од 50 км.

Да се погоди цивилен Боинг777 на 10.000 метри, за обучени корисници на овој систем, е исклучително лесна задача. Се работи за голем авион кој има константна брзина и е на иста висина. Она што е важно да се напомене дека лицата кои го гаѓале многу добро знаеле дека стрелаат цивилен авион.

Системот има радарско наведување на кој јасно се оцртува целта, а освен тоа поседува и телевизиски оптички визир за да може корисникот јасно да ја види целта.

Спрема последните информации, Боингот е означен пред да се исфрли ракетата. Ракетата која носи НАТО ознака ЅА има полуактивно радарско самонаведување, што значи дека ракетата сама ја пронаоѓа целта од каде се одбил сигналот од системот. Во себе има брзинска запалка, така што ракетата ќе експлодира непосредно пред целта, а боевата глава носи 60 килограми експлозив. Последниот модел на оваа ракета е претставена во 2007 година и дометот и е 50 километри.

За време на војната во екс Југославија, со ракета од ваков систем се срушени хрватски транспортен авион АN2 кај Винковци и американски Ф16 над Бања Лука од страна на босанските Срби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top