Пеколна журка во мексиканскиот град Сиудад Хуарес

Вооружена група мажи упаднале на училишна забава  и убила 14 тинејџери.

 |  Маја Савиќ  | 
suidad huares
суидад хуарес

meksiko,policijaНапаѓачите излегле од теренски возила и отвориле оган кон учениците кои во неделата биле на роденденска забава во Сиудад Хуарес,град на границата меѓу Мексико и САД. Телата лежеле на улица во локни крв до паркираните автомобили,додека ѕидовите на куќата каде што се одржувала забавата биле размачкани со крв и оштетени од пукањето.
Нападот може да е поврзан со пресметка помеѓу нарко-картелите, изјавила државната обвинителка Патриција Гонзалес.
“Истрагата се движи во две насоки а една од нив води кон трговијата со дрога” –рече Гонзалес пред новинарите.
Десет тинејџери загинале на самото место, а тројца во болница. Во инцидентот повредени се повеќе од 20 луѓе. Сите жртви се на возраст од 15 до 20 години.
Сиудад Хуарес се наоѓа на граница со САД. Во градот често се водат борби меѓу ривалските наркокартели. Во последните две години извршени се низа напади врз клиники за лекување на наркомани. Во два такви напади во септември загинаа 28 луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top