Парламент врз мавзолејот на Енвер Хоџа

Се со цел да се ослободи дополнителен простор за изградба на нова парламентарна зграда, одобрен е планот за уривање на Мавзолејот на поранешниот албански комунистички лидер Енвер Хоџа.

 |   | 
mavzolej na Enver Hodza
Мавзолеј на Енвер Хоџа

Се со цел да се ослободи дополнителен простор за изградба на нова парламентарна зграда, одобрен е планот за уривање на Мавзолејот на поранешниот албански комунистички лидер Енвер Хоџа.

Мавзолејот е изграден во 1988 година, три години по смрта на Енвер Хоџа, по повод 80-годишнината од неговото раѓање. Објектот е во форма на пирамида и една од највпечатливите градби во Тирана.

Објекотот на Мавзолејот претставува Културен центар, во кој меѓу останатите, е сместена и една приватна телевизија која е критички настроена кон Владата на премиерот Сали Бериша.

Одлуката за уривање на Мавзолејот ја поддржаа само пратениците од редовите на владејачката коалиција, додека опзициските народни избраници не учествуваа во гласањето.

Засега нема детали за тоа колку ќе чини изградбата на новата зграда на Парламентот, која, според плановите на Владата, треба да биде готова идната година и да биде пуштена во употреба по повод 100-годишнината од прогласувањето на независноста на Албанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top