Разоткриена мистерија стара 123 години-Кој беше Џек Мевосек?

Шпанскиот истражувач Хозе Луис Абад, автор на книгата „Најинтелигентниот убиец во историјата“ тврди дека го знае одговорот на прашањето, кој бил Џек Мевосек.

 |  Маја Савиќ  | 
dzek
џек мевосек

dzek

Главниот инспектор на Скотланд јард, Фредерик Аберлин бил убиецот Џек Мевосек, тврди шпанскиот истражувач Хозе Луис Абад чија книга „Најинтелигентниот убиец во историјата“ штотуку излезе од печат. Абад долги години се занимавал со случајот на Лондонскиот убиец, тој го споредил ракописот на инспекторот со онај од наводниот дневник на Џек Мевосек и востановил дека се работи за иста личност.

Неговата книга предизвика голем интерес во Британија. Во неа е објавена и фотографија на вработените во Скотланд Јард на која е заокружен инспекторот Аберлин.

Мистеријата стара 123 години уште побизарна ја прави фактот дека случаите со масакрираните проститутки во најсиромашниот кварт во Лондон, Вајтчапел, му биле доделени токму на Аберлин. Всушност, тој бил задолжен да ги истражува сопствените убиства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top