bebinja na Julija

Останала бремена додека била бремена

bebinja na JulijaПосле тригодишна борба со неплодноста, Јулија Гровенберг останала бремена, додека веќе била бремена. Парот сериозно размислувал за посвојување на деца од странска земја, но позитивниот тест за бременост ги израдувал во јули 2009.
После тригодишна борба со неплодноста, Јулија Гровенберг останала бремена, додека веќе била бремена. Парот сериозно размислувал за посвојување на деца од странска земја, но позитивниот тест за бременост ги израдувал во јули 2009.
bebinja na Julija
Најверојатно е дека Јулија останала бремена два пати во период од две недели што е вистинско медицинско чудо и таа е единаесетта таква жена во светот.

Се работи за феномен на “супер плодност“ кога две деца ќе се зачнат во различно време, а ќе се родат во ист ден, но според медицината не се сметаат за близнаци.

“Долго време ја чекав бременоста и сакав да уживам во неа, но постојано бев под стрес и размислував дали се’ ќе биде во ред, затоа што никој од лекарите не знаеше што може да се очекува“, кажа Јулија, која со семејството живее во американската држава Аркансас.

Најголем шок за нив бил моментот кога за прв пат биле на преглед со ултразвук и виделе две бебиња со различна големина, кој во развојот едно до друго се разликуваат две недели. “Постарата“ Јилијан и “помладиот“ Худсон родени се со царски рез и целата операција помина без проблеми. Децата сега го слават вториот роденден и добро напредуваат, иако Худсон заостанува од сестра му кога станува збор за растењето на заби и слични работи. Родителите ги викаат близнаци и велат дека тоа е неизбежно, но ќе остават на нив да го изберат  вистинскиот термин кога ќе пораснат.

{loadposition content9}

2009, била, близнаци, бремена, бременост, време, ги, гровенберг, две, дека, деца, израдувал, јули, јулија, недели, останала, парот, работи, размислувал, худсон

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top