Нов терористички напад во Франција

Напаѓачите се борци на самопрогласената Исламска држава

 |  инфодеск  | 

Двајцата вооружени мажи се убиени од полицијата, откако зедоа заложници во црква во Сент Етјен, во близина на Руен, во Нормандија, околу 10 часот во вторник.

Според извештаите, тие влегле во црквата од споредната врата за време на мисата. Свештеник, две калуѓерки и двајца верници беа меѓу заложниците, додека уште една калуѓерка успеала да избега и да ги алармира службите.

Специјалната полициска единица беше пратена на местото, која со кордон ја обезбеди црквата.

Министерот за внатрешни работи, Бернард Казанев, подоцна соопшти дека двајцата мажи се неутрализирани, по преговори кои траеле еден час. Сведоци велат дека се слушнале повеќе истрели.

Според непотврдени информации, од неколку француски медиуми, убиен е свештеникот на кој му бил пресечен гркланот, а ранет е уште еден заложник.

Напаѓачите се борци на самопрогласената Исламска држава, објави новинската агенција QAMA.

Францускиот претседател се обрати на јавноста по денешниот напад. “Франција мора да влезе во војна со Исламска држава на сите начини. Даеш (арапска кратенка за исламистички екстремистички групи) објави војна против нас, мораме да се бориме во оваа војна на сите начини, почитувајќи го владеењето на правото, што не чини демократска земја”, рекол Франсоа Оланд на нoвинарите собрани на местото на нападот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top