НАСА го претстави спектакуларно најавуваното откритие

Наспроти бројните шпекулации дека НАСА пронајде живот надвор од Земјата, научниците синоќа соопштија дека нашле нов облик на живот но во САД, поточно во езеро во Калифорнија.

 |   | 

ezero MonoНаспроти бројните шпекулации дека НАСА пронајде живот надвор од Земјата, научниците синоќа соопштија дека нашле нов облик на живот но во САД, поточно во езеро во Калифорнија.

Во  езерото Моно, во Калифорнија научниците на НАСА пронајдоја нова форма на бактерија која може да преживее на места непогодни за живот. Истражувачите велат дека за разлика од другите познати форми на организам, овој може да преживее и размножува користејќи ја отровната хемикалија Арсен.
Најновите истражувања, според научниците на НАСА се многу важни, затоа што е пронајден елемент способен да го замени фосфорот и на тој начин да ги промени темелите на биохемијата на планетата.
bakterija

Арсенот според нивното објаснување се наоѓа во микроорганизмите како фосфор и делумно станал дел од нивното ДНК.
Најавуваната прес конференција на НАСА предизвика големо внимание во јавноста и еуфорични претпоставки дека сондата на американската вселенска агенција која неодамна се врати од вселената открила докази дека не сме сами.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top