НАСА го обелодени планот за колонизација на Марс

Научната фантастика наскоро би можела да стане реалност – луѓе би можеле да бидат испратени на Марс, “со билет во еден правец“, според амбициозниот план кој го подготвува американската вселенска агенција НАСА, со цел трајна колонизација на други планети, пишува денеска “Телеграф“.

 |  Маја Савиќ  | 
mars
Марс

илуstracijaОфицијални лица од НАСА потврдиле дека во тек се тестирања за да се утврди дали космонаутите би можеле да бидат трајно испратени на црвената планета, или пка на нејзините месечини, каде би основале човечки колонии. Мисијата вредна повеќе милијарди фунти, наречена “Стогодишен вселенски брод“, е иницијатива на еден од главните истражувачки центри на НАСА-“Ејмс“, базиран во Мофет филд во Калифорнија. Агенцијата за напредни одбрамбени истражувачки проекти (ДАРПА) во Пентагон, исто така е вмешана во овој проект за колонизација. Портпаролот на ДАРПА изјавил дека на половината на 2011 година ќе бидат изнесени многу повеќе детали за мисијата. Првичните проценки покажале дека оваа мисија, која всушност само што почнала, ќе чини повеќе од седум милијарди фунти, а целта би можела да биде постигната во 2030 година. Научниците од владите добиле 600.000 фунти, вклучувајќи и 100.000 фунти од НАСА, да почнат со истражување на идејата, наведуваат американските медиуми. Пит Ворден, директор на “Ејмс“, ги потврдил плановите на НАСА на конференција во Сан Франциско.

“Човечката вселенска програма сега е навистина насочена кон населување на други светови. Во рок од неколку години ќе го видиме првиот прав прототип на вселенски брод, кој ќе не превезува меѓу световите“, рекол Ворден.

За едно такво всвеленско патување на доброволците ќе им бидат потребни околу девет месеци за да тргнат на мисија, од која никогаш нема да се вратат на Земјата. Ова е така бидејќи трошоците за враќање на космонаутите на матичната планета би го направиле проектот неверојатно скап. Ворден признава дека всушност во стварност не знае како мисијата би се одвивала.

“Како се живее на друг свет? Немам поим“, рекол тој.

“Ако сте конзервативни, ќе се грижите дали тоа ќе не убие, ако сте либерални, ќе се грижите дали ќе го убиеме тоа. Мислам дека работите како синтетичката биологија, имаат потенцијал за такво нешто. Подобро е отколку да правиме на МАрс околина според онаа на Земјата, бидејќи не би можеле да го модификуваме животот, вклучувајќи го и човечкиот ген, за да биде подобро прилагоден на Марс?“, прашал Ворден во својот говор.
mars
Милијардерите да ја помогнат мисијата на Марс

Од светски милијардери, меѓу кои е и Лари Пејџ, еден од основачите на “Гугл“, побарано е да помогнат во финансирање на проектот.

“Слушнавте. Се надеваме дека ќе придобиеме некои од милијардерите да основаат фонд за Стогодишниот вселенски брод“, рекол Ворден.

Тој потенцирал дека Пејџ е мноу заинтересиран за проектотт.

“Лари ме праша пред две недели, колку би чинело да се испратат луѓе во еден правец на Марс, а јас му реко околу 10 милијарди долари. Тој праша “Може ли тоа да биде сторени за една или две милијарди долари?“, раскажал Ворден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top