Наградата од 10 милиони долари за апсењето на Младиќ нема да ја добие никој

Никој нема да ја добие наградата од 10 милиони долари за апсењето на Ратко Младиќ, изјави координаторот на српската влада за односи со јавност Слободан Хомен.

 |  Маја Савиќ  | 
Mladic ratko
Младиќ Ратко

Никој нема да ја добие наградата од 10 милиони долари за апсењето на Ратко Младиќ, изјави координаторот на српската влада за односи со јавност Слободан Хомен.

„Ратко Младиќ е уапсен во рамките на редовните оперативни активности на органите на безбедноста на Србија а не по дојава“, изјавија за Танјуг од службите за безбедност.

Хомен за Танјуг изјави дека никој од припадниците на службите за безбедност и полицијата нема да земат ни цент од 10 те милиони долари награда која беше предвидена за информација за криењето на Ратко Младиќ.

„Апсејќи го Младиќ тие само си ја вршеа работата во согласност со законот“ изјави Хомен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top