Нафтата во 2016 година ќе падне до 20 долари за барел?

Враќањето на цената на суровата нафта на 100 долари за барел нема да се случи до крајот на ова десетлетие

На цената на нафтата моментално не ѝ се предвидува брзо опоравување, напротив, прогнозите велат дека може да потоне до 20 долари за барел.

Аналитичарот на Goldman Sachs, Damien Courvalin, изјави дека пазарот е повеќе снабден од она што се прогнозираше и дека тој вишок на понуда ќе потрае и во следната година, пренесува Bloomberg. Затоа американската централна банка ги намали проекциите за цената на WTI нафтата од претходни 57 долари на 45 долари за барел. Цената на Brent нафтата исто така е намалена од 62 на 49,5 долари за барел. Годинава цената на WTI нафтата се намали за 15%, а моментално се движи на границата од 44,7 долари за барел.

Меѓународната агенција за енергетика објави дека следната година производството, вон членките на Организацијата на земји извознички, ќе падне за 500.000 барели дневно односно на 57,7 милиони барели.

Враќањето на цената на суровата нафта на 100 долари за барел нема да се случи до крајот на ова десетлетие, а краткорочно можен е раст најмногу до 50 долари за барел, смета Ole Hansen раководител во данската инвестициска банка Saxo.

“Многу се мали шансите дека пред 2020 година цената на нафтата ќе се врати на некогашното ниво, освен ако не се случи континуиран раст на побарувачката. Во тој случај цените ќе се зголемат за да се привлече апетитот за инвестирање во нафтените компании”, наведува Hansen.

2016, барел, година, долари, нафтата, падне

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top