Лајкувај го ближниот свој

Папата Бенедикт XVI им го даде својот благослов на социјалните интернет страни, но ги предупреди верниците да не забегуваат многу со вирутелните пријателства. 

 |  Маја Савиќ  | 
pope on internet
Папата на интернет

Папата Бенедикт XVI им го даде својот благослов на социјалните интернет страни, но ги предупреди верниците да не забегуваат многу со вирутелните пријателства.  

Во пораката со наслов “Вистина, прокламација и веродостојност на животот во дигиталното време”, Понтифот ги повикал сите христијани да им се придружат на друштвените мрежи, но побарал од нив да бидат искрени и отворени во комуникацијата.
pope on internet
“Многу е важно да не заборавите дека вирутелното дружење не може и не смее да го замени директниот човечки контакт со луѓето од нашиот живот,” порачал поглаварот на католичката црква, по повод Светскиот ден на социјална комункација.

Според него, онлајн присуството на христијаните не треба да се базира само на желбата “да се биде таму”, туку на фактот што социјалните мрежи се интегрален дел од животот.

83-годишниот Папа, кој нема сопствен профил на Фејсбук, ги користи социјалните мрежи на својата официјална интернет страна а дури постојат и негови Ајфон апликации.

“Доколку технологиите се користат мудро, можат многу да придонесат кон задоволувањето на потребата за вистина и единство, кои се најсветите аспирации на секое човечко суштество”, заклучил Бенедикт XVI.

Претседателот на Понтификалниот совет за социјални комуникации, архиепископот Клаудио Чели соопштил дека најдоцна до Велигден, Ватикан ќе има нов портал за комуникација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top