Колку е тренди да се биде градоначалник?!

Германскиот принц Фредерик фон Анхалт ќе се кандидира за градоначалник на Лос Анџелес. Изборните шанси се минимални, но затоа медиумското внимание е огромно. А тоа најверојатно е целта на кампањата која ја води сопругот на слвната Заза Габор, пишува “Дојче Веле“.

 |   | 
princ frederic
princ frederic

Германскиот принц Фредерик фон Анхалт ќе се кандидира за градоначалник на Лос Анџелес. Изборните шанси се минимални, но затоа медиумското внимание е огромно. А тоа најверојатно е целта на кампањата која ја води сопругот на слвната Заза Габор, пишува “Дојче Веле“.
princ frederic
Од огромниот предизборен плакат 68- годишниот принц самоуверено ги гледа граѓаните на Лос Анџелес. Истовремено им сугерира дека е вистинскиот кандидат за градоначалник на милионската метропола.

Фредерик фон Анхалт верува дека на изборите кои ќе се одржат во 2013 година ќе има добри шанси.

“Јас веќе 27 години сум дел од Холивуд. Овде луѓето ме познаваат, ме поздравуваат и условуваат со принц“.

Инаку тој е веќе 25 години во брак со поранешната холивудска дива Заза Габор која има 94 години, за неа тоа е осми брак, со која живее во отмениот кварт Бел Аир.

Тој веќе има јасна визија за тоа што ќе го презеде доколку биде избран. Најпрво ќе ги намали даноците, ќе отоври нови работни места и ќе им даде државјанство на нелегалните доселеници, планира да ја подобри инфраструктурата на градот.

Единствено нешто кое не е јасно е со кои пари ќе го направи тоа, бидејќи градската каса на Лос Анџелес е празна.

frederic and zsa zsaФредерик фон Анхалт има еден безуспешен обид да гради политичка кариера. Во 2010 година се кандидирал за наследник на гувернерот Арнолд Шварценегер. Но на крајот смаиот се повлекол од предизборната кампања, наводно за да се грижи за својата сопруга.

Некогашната холивудска ѕвезда Заза Габор таа година паднала и го скришила колкот.

Таа денеска не знае ништо за политичките планови на својот сопруг бидејќи со месеци е неподвижна и зависи од туѓа нега 24 часа дневно.

Во вените на германскиот принц тече сина крв. Во замена за доживотна издршка го посвоила една од принцезите фон Анхалт, сиромашна снаа на царот Вилхелм Втори, и на тој начин дошол до титулата.

Нивниот посвоен роднина на сите критики и игнорирање одговори така што и самиот посвоил, секако за пари, неколку “синови“. И со тоа го збогатил семејството со сопственици на бордели, фитнес центри и ноќни клубови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top