Како загина Гадафи?

Сè уште не е јасно дали Гадафи го докрајчиле луѓето кои го заробиле, дали бил смртно застрелан во престрелка, убиен во воздушен напад на НАТО или искрварил на смрт во амбулантна …

 |   | 
gadafi
gadafi

За смртта на долгогодишниот водач на Либија Моамер Гадафи, во само неколку часови потоа, има неколку верзии. Според едната, авиони на НАТО го погодиле конвојот во кој се наоѓал и тој, а според тврдења од Преодниот либиски совет, тој најнапред бил ранет во борба. Но, од истите преодни власти има и тврдења дека бил ликвидиран откако бил ранет и  заробен, па се до такви дека бил извлечен од цевка.

Претставник на Преодниот национален совет (ПНС) рече дека поранешниот либиски лидер бил убиен при вооружен судир меѓу негови приврзаници и борци од ПНС по неговото фаќање. Претставникот, кој побара анонимност рече дека не е издадена специјална наредба за ликвидирање на Гадафи и оти тој не е застрелан намерно.

– Кога возилото беше во движење, влезе во оган меѓу револуционери и сили на Гадафи при што беше погоден од куршум во главата, наведе тој. Според него, Гадафи бил жив кога бил уапсен во Сирт, но починал неколку минути пред да биде донесен во болница.

Либиската телевизија прикажа инсерти од борци на привремената влада над мртвото тело на Гадафи. На нив се гледа како еден од нив ја подига кон камерата главата на трупот, а околу други скандираат Алах е голем. На лицето на убиениот има рани, но нема траги од крв како што беше на претходните инсерти објавени веднаш по апсењето.
kako ja docekaa smertta na Gadafi
Премиерот на Либија, Махмуд Џибрил изјави синоќа дека според обдукцијата, Моамер Гадафи починал од рани во главата од огнено оружје за време на престрелка меѓу борци од привремената влада и негови приврзаници.

– Гадафи беше изваден од цевка за одвод…тој не дал отпор. Кога почнавме да го водиме тој беше погоден со куршум во десната рака, а кога го внесоа во возило немаше никакви други рани, изјави Џибрил на прес конференција читајќи извештај од судска медицина.

Либиските власти ќе го погребаат Моамер Гадафи на тајно место, соопшти телевизијата „Ал Арабија“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top